Поглаварот на кипарската црква архиепископ Хризостом, го замоли патријархот Кирил да ги повика руските власти на одложување на долгот од 2,5 милијарди евра, пренесува РИА Новости.
Русија кон крајот на 2011 година му одобри на Кипар кредит од 2,5 милијарди евра со рок на доспевање од 1 јули 2016-та со годишна камата од 4,5 проценти.
Со својата молба, архиепископот Хризостом бара продолжување на рокот на доспевање за уште пет години, верувајќи дека тоа ќе му помогне на Кипар да ги надмине тешкотиите.
Кипар, каде што се регистрирани многу компании кои работаат во Русија, побара минатото лето од руското Министерство за финансии кредит во висина од пет милијарди евра, меѓутоа руските власти не дадоа одобрување, бидејќи ризиците се премногу големи за да бидат преземени од еден доверител.