Селекторот на данската машка ракометна репрезентација Улрик Вилбек од ИХФ ја доби наградата за најдобар тренер за 2012-та година.
Во гласањето за избор на најдобар тренер, данскиот кормилар освои 34 проценти од гласовите и се најде пред селекторот на Франција, Клод Онеста за кого гласале 27 проценти, а на третото место заврши шпанскиот селектор Валеро Ривера со 13 проценти.
Вилбек со женската ракометна репрезентација на Данска го освои ЕП во 1994-та и 1996-та година, а со машката селекција во 2008-ма и 2012-та го освои пехарот на европските првенства.