Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Светското првенство во ракомет, откако вечерва во Барселона во првото полуфинале ја совлада Словенија со 26:22.
Нивни противник во финалето в недела ќе им биде победникот од дуелот Данска – Хрватска (второ полуфинале).
По изедначеното прво полувреме „црвената фурија“ во второто полувреме одигра одлично во одбраната и Словенија за 20. минути постигна само три голови што беше доволно да се обезбеди победа.
Најефикасен кај победникот беше Жоан Кањалес со пет, додека голманот Арпад Штербик имаше 10 одбрани. Кај поразените Гашпер Маргуч со седум голови беше најефикасен и на натпреварот.