Протестите во Египет се одржуваат против владеењето на новиот претседател Мухамед Морси, за кој протестантите велат дека не ги исполнил изборните ветувања.
Со протестите се одбележува втората годишнина од почетокот на бунтот против поранешниот претседател Хосни Мубарак, кој беше принуден да се повлече од власта во средината на февруари 2011 година.
Полицијата употребила солзавец против демонстрантите, кои беа собрани околу претседателската палата во предградие на Каиро.
Демонстрантите се обиделе да ги прескокнат барикадите од бодликава жица околу реонот на претседателската палата, во провинцијата Шаркија,но полицијата успеала да ги избрка.