(ВИДЕО) Мицкоски: Никола Димитров да си поднесе оставка како што вети за оваа капитулација

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара итна средба со претседателот на државата, Ѓорге Иванов а повторно побара средба со премиерот Зоран Заев како и договорот кој го потпишал со грчкиот премиер.

Тој уште еднаш посочи дека премиерот Заев извршил капитулација, за што пушти негова поранешна изјава дека никогаш нема да прифати уставни промени.

„Додека дишам, додека ме држи памет, Јас мојот син, татко, дедо сме Македонци, не верувам дека постои човек, подготвен кој ќе бара промена на Устав заради промена на уставното име, е изјавата која ја пуштија во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, дадена од Заев.

На Македонија сепак и донесе капитулација, ова значи дека секој еден збор на Зоран Заев не вреди, измамамта е неговото примарно делување.

Направи за неколку месеци драстична промена на ставовите, овој пат влогот не се компаниите од Струмица и државните тендери, овој пат ценета ќе ја плаќаат граѓаните на Република Македонија.

Ова е апсолутен пораз на македонската диплоамтија и никако поинаку не може да се прикаже.
Никола Димитров е учесник во оваа капитуалција, кој најави и дека ако тоа помине ќе поднесе оставка.

Димитров да си поднесеш оставка поради капитуалацијата што се обидуваш да ја претставиш како победа, рече Мицкоски.

Заев го менува Уставот, со ова што не дефинира како Република Македонија. Ние тоа нема да го поддржиме. Јас верувам во принципи, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи променан на Уставот и ќе се спротивстави со сите средства против овој капитулантски договор.

Денес побарав итна средба со претседателот Ѓорге Иванов, ја користам оваа прилика да побарам средба со Зоран Заев и да ми се достави пишаниот документ за кој се согласил со Ципрас.

ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на интерите на Македонија и со сите вас, рече Мицкоски.

-Меѓународната заедница не навлегува во содржината и тоа е логично, тие поддржува само договор. Но ние ќе живееме со капитуалантското дело на Зоран Заев која се обидуваат да ни ја претстават како победа, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски