ВМРО-ДПМНЕ: Заев вчера ги погази црвените линии

Од:

„Зоран Заев вчера ги погази црвените линии кои досега ги бранеа сите политичари на кои граѓаните им ја дадоа довербата да ја водат државата.

Зоран Заев не само што призна дека се согласил да го менува уставното име, туку и се согласил и националноста, која досега беше јасно дефинирана, да и додаде „граѓани на Северна Македонија”.

Властите во Грција слават сосем очекувано бидејќи прв пат во дводецениските преговори еден политичар од Македонија се согласил беспоговорно да ги прифати сите нивни услови и да им го обезбеди најдобриот договор досега.

Република Македонија, нејзиното минато, сегашност и иднина вчера беа жртва на навиката на Зоран Заев да ја витка кичмата само за да оствари личен интерес.

Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, презентираа договор во кој државата е поразена.

Преговорите кои ги водеше СДСМ се одраз на краен аматеризам. Договореното не е во сообразност со интересите на македонскиот народ.

Зоран Заев ги погази сите црвени линии, кои сите политичари, без разлика на својата политичка припадност ги имале во последните 25 години.

Заев ги поткопа македонските позиции. Најпрвин ветуваше дека македонската жица никој немало да му ја допре и дека Уставот немало да се менува. Потоа јавно кажа дека прифаќа промена на Уставот и ерга омнес решение во пакет со името Илинденска Македонија.

Граѓаните се излажани и изманипулирани. Зоран Заев целосно нетранспарентно и без да ја запознае опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија донесе одлука и решение, кое ќе ги тангира не само сегашните, туку и идните генерации.

ВМРО-ДПМНЕ не е против членство во НАТО и ЕУ, напротив многу повеќе се залага за истото од сите други. Но членувањето во тие организации не смее да биде преку предавство и капитулантски договори. Граѓаните заслужуваат европска иднина, но врз база на вредности и реален мерит систем за унапредување.

Република Македонија не смее да продолжи кон амбисот кон кој СДСМ ја турка. Државата и граѓаните заслужуваат подобро. СДСМ не може да понуди ништо добро за Република Македонија. Оваа власт мора да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање