Долниот дом на британскиот Парламент ги одби амандманите на Законот за Брегзит

Од:

Долниот дом на британскиот Парламент денеска ги отфрили амандманите на Законот за Бергзит усвоени од Домот на лордовите, со кои се превидуваше право на парламентарно вето на конечниот Договор со Брисел за излез на Велика Британија од ЕУ.

За поддршка на амандманите гласаа 298 пратеници, додека 324 се изјаснија против.

Амандманите претходно ги усвои Горниот дом и тие се однесуваа на верзијата на Законот за Брегзит што ја предложи Владата на британската премиерка Тереза Меј.

Како што јави ДПА; ваквото гласање во Долниот дом претставува успех на Меј, бидејќи извојува победа во Парламентот за нејзиниот предлог на Законот, но и ги смири проевропските пратеници во нејзината Конзервативна партија, кои најавуваа поддршка на амандманите.

Пратениците во Долниот дом усвоија и компромисен текст во кој се неведува дека ако Парламентот го отфрли конечниот Договор за Брегзит, Владата во рок од 28 дена ќе мора да објави план во кој ќе биде наведено што планира да направи во врска со парламентарната одлука.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија