(ВИДЕО) Спасовски: МВР ќе обезбеди максимални услови за непречена работа на новинарите

Од:

Примарно за секое демократско општество е непречено работење на медиумите, но за жал во последните неколку години бевме сведоци на бројни напади и притисоци врз новинарите. Нема никакво оправдување за вакви напади, ставот на Владата е јасен – 0 толеранција за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната работилница за безбедност на новинарите за време на настани од висок ризик.

– Секој напад врз новинарите ќе биде најостро осуден и санкциониран. Од 1 јуни 2017 година до денеска имаме 12 случаи во кои е загрозена безбедноста на новинарите и сите се расчистени од страна на МВР, рече Спасовски.

Спасовски истакна дека Министерството за внатрешни работи ќе обезбеди максимални услови за новинарите да можат непречено да си ја вршат својата работа. На овие работилници раководните лица во секторите за внатрешни работи со новинарите детално анализираат како да се надминат проблемите со комуникацијата помеѓу полицијата и новинарите со цел во иднина да нема проблеми како оние од минатото.

Министерството за внатрешни работи минатата година потпиша меморандум со Здружението на новинари на Македонија со цел зголемување на безбедноста на новинарите.

„Нашата посветеност за соработка со новинарите ја покажавме и со склучување на меморандумот со ЗНМ минатата година, а овие работилници се доказ за нашата намера да соработуваме во пракса, а не само на хартија. Заеднички испраќаме порака дека наместо да сме на спротивни страни, треба да бидеме партнери за интерес на Република Македонија и демократскиот развој“, вели Спасовски.

Министерот за внатрешни работи вели дека од дебатата очекува плодни заклучоци кои понатаму ќе резултираат со ефикасност во работење на полицијата, новинарите, граѓаните на РМ како и другите институции како судството и обвинителството кои, како што кажа Спасовски, се многу потребни за да се одржи комуникацијата и поддршката на соодветно ниво и сето тоа да резултира со интерес за граѓаните на РМ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Скопјанец фрлал камења кон полицискиот хеликоптер што полнел вода од Лепенец

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија

Разрешен е началникот кој ќе носеше директорка на училиште на носилка во полициска станица

А1он

Скандалозното националистично навивање „влезе во серија“, МВР и Обвинителство го истражуваат случајот со фановите на Шкендија

Катерина Ѓуровски

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор