Отворена Меѓународната детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“

Од:

Кратово од денеска до 17 јуни ќе живее со креативноста, уметноста и умешноста на младите ликовни уметници од Македонија и соседството, учесниции на годинашната Меѓународна детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“.

На 25-то јубилејна колонија на тема „Староградска кратовска архитектура“ ќе творат дечиња од Кочани, Куманово, Скопје, Кратово, Велес, Прилеп, Ново Село-Струмица и двајца учесници од Соко Бања, Република Србија.

– Учесниците се основци и средношколци до петнаесетгодишна возраст, а сите ќе можат инспирирани од духот на старата архитектура и историски споменици на културата, кулите и мостови, рељефниот несекојдневен и впечатлив амбиент на градот , да создадат дела кои остануваат сопственост на Домот на кулутра кој е и организатор на колонијата. Покрај творењето, дечињата се дружат и разменуваат идеи во текот на еднонеделното одржување на колонијата. Премиерно, изложбата со новосоздадени дела се отвора на 6-ти септември, денот на ослободување на град Кратово, а подоцна , овие дела кружат низ сите домови и центри на кулутра низ државата, информира Тодорка Стојчевска, в.д. директор на Дом на кулутра, Кратово.

Меѓународната детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“ има натпреварувачки карактер , предвидени се награди за најдобрите три дела.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски