Српскиот тајкун, 68-годишниот Ратко Величковиќ, ја убил својата 52 години помлада љубовница, Оливија Јанковски во еден хотел во Украина. Како што пишува Курир, мотивот за убиството бил љубомора, а откако ја убил малолетната љубовница, Величковиќ си пресудил и себе си.
Злочинот се случил на 17 јануари, а вчера беше откриено дека сторителот е токму Величковиќ. Телото на Оливија, наводно, било пронајдено голо во кревет. Преку неа лежел мртвиот љубовник кој ја застрелан со куршум во лицето. Покрај нив имало клучеви од автомобил, документи и 16.000 евра.
“Оливија последниве месеци беше чудна. Ќе дојдеше дома од училиште и веднаш ќе седнеше на компјутер. Чувствував дека нешто се случува, но не знаев што. Секој мој обид да зборувам со неа беше залуден. Забележав дека нејзиниот плакар е полн со нови работи кои мојот сопруг и јас не можевме да си ги дозволиме”, раскажа за полските медиуми Кристина Јанковски, мајка на 16-годишната Оливија. Таткото на Оливија, Петар низ солзи во очите се присеќава дека неговата миленичка била примерно дете се додека не го запознала Ратко.
“Таа беше примерен ученик, се бавеше со атлетика. Одеднаш овој човек се појави во нашите животи и уништи сè,” вели неутешниот татко, кој додава дека ќерката последен пат ја видел на 13 јануари и дека од тогаш повеќе не се јавувала на семејството.
Величковиќ е родум од околината на Лесковац, а во Полска отишол пред 20 години. Пред четири години во Украина отворил транспортно претпријатие “Југ” а малолетната љубовница, наводно, ја запознал во неговиот ресторан.