СДСМ избра нови координатори за осумте плански региони

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, попладнево, во седиштето на партијата се сретна со новоизбраните координатори на СДСМ на осумте плански региони.

Ова е нов начин на територијално делување на СДСМ, прилагоден на економските и административните развојни цели. Овој начин очекувано е да ја зголеми ефикасноста на партијата и дополниелно да достапноста до граѓаните. Во крајна линија ваквата поставеност ја засилува демократизацијата на партијата, застапувајќи ги планските региони подеднакво.

-СДСМ се обврза да работи за доброто на државата, да ги стави граѓаните во центарот на вниманието, градејќи ја Македонија како едно општество едно семејство, држава за сите. Во таа насока очекувам делување кое првенствено ќе ги има предвид потребите на граѓаните во сите осум плански региони на Македонија. Ја зголемуваме ефикасноста на нашето делување, територијално подеднакво и нашата мобилност, во интерес на граѓаните, но и членовите, поддржувачите и симпатизерите на СДСМ,порача Кирацовски.

Новоизбрани координатори на СДСМ на 8-те плански региони се:
Вардарски регион- Небојша Стојановиќ
Источен – Емил Јорданов
Југозападен – Васко Паскали
Пелагониски – Александар Цуцуловски
Југоисточен – Ацо Киров
Полошки – Благојче Трпевски
Североисточен – Владимир Арсовски
Скопски регион- Александар Бајдевски

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?