СДСМ: Граѓаните нема да патуваат за резултати од медицинските лаборатории

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години го урнисуваше здравството и ги погазуваше правата на пациентите, денес како опозиција не престанува да шири лажни вести.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ вади бројки од ракав и шири лажни наводи, не го менува фактот дека планот за централизацијата на медицинските лаборатории и набавката на реагенси ќе создаде заштеда од неколку милиони евра за државата и ќе овозможи подобри услови за пациентите, во секое населено место.

Со овој план, пациентите веќе нема да патуваат до други градови за анализи кои не се вршат во нивните места на живеење и нема да има дополнителни трошоци за пациентите, бидејќи резултатот ќе го добиваат онаму каде што живеат и каде што се лекуваат. Нема да патуваат граѓаните, како што манипулира ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, централизираните набавки овозможуваат оптимално искористување на средствата и овозможуваат намалување на трошоците за тестирање за 10 до 20 отсто.

Залудни се лажните вести, граѓаните одамна не му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ. Секоја мерка на Владата предводена од СДСМ е во интерес на граѓаните и подобрување на нивниот квалитет на живот“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници