Дурант: Лесно е да се биде најдобар во слаб тим

Од:

Кошаркарот на Голден Стејт, Кевин Дурант изјави дека е горд што е избран за најдобар играч, бидејќи доаѓа од тим во кој сите кошаркари се одлични.

Дурант повторно беше прогласен за МВП на финалната серија, во која Голден Стејт со 4:0 го совлада Кливленд и ја одбрани титулата во НБА лигата.

Откако на Дурант му беше доделено признанието МВП во јавноста се појавија и гледишта дека оваа титула можеби требаше да му припадне на најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс.

– Лесно е да се биде најдобар играч во слаб тим. Тешко е да се истакнете кога околу вас има одлични играчи. Се гордеам од начинот на кој се издвоив, бидејќи работам напорно каде и да одам. Моите соиграчи ме поттикнуваат да бидам уште подобар, нагласи кошаркарот на Голден Стејт.

Дурант сезонава во просек постигна по 28,8 поени, 10,8 скокови и 7,5 асистенции.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот