ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе од една година десетина инфраструктурни проекти неосновано се во застој

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

„Една година СДСМ е една напразно помината година за инфраструктурата. Повеќе од една година десетина инфраструктурни проекти неосновано се во застој.

СДСМ најавуваше 600 километри нови автопати и 550 километри нови магистрални патишта, а сега не можат ни да ги довршат патиштата почнати од ВМРО-ДПМНЕ. Сите три проекти со кои се фали Сугарески се започнати во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, за кои се обезбедени и средства за нивна изградба.

Реконструкцијата на делницата Кочани – Делчево е проект започнат уште во 2016 година. За оваа делница беше предвиден рок за реализација од 18 месеци што подразбираше проширување на коловозната лента, поставување на два асфалтни слоја и изградба на 3 нови мостови. За целата инвестиција беа обезбедени 6 милиони евра.

Експресниот пат Штип – Кочани е исто така проект на ВМРО-ДПМНЕ, договор за негова изградба е потпишан уште во 2016 година. Неговата должина изнесува 28 километри, а за негова изградба беа обезбедени 20 милиони евра. Со предвидена изградба во две фази, првата фаза од Штип до Крупиште, а втората фаза од Крупиште до Кочани.

СДСМ ги крие фактите, и мисли дека граѓаните се со кратко паметење. СДСМ повеќе од една година нема еден единствен проект од областа на инфраструктурата.

Повеќе од 8 месеци, власта не го пушти во употреба завршениот автопат Демир Капија – Смоквица само поради тоа што е изграден од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Највисок дострел за оваа власт во сферата на инфраструктурата е организација на чочек во тунел при пуштање во употреба на делница од автопат изградена од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ покажа дека не знае да работи. Граѓаните повеќе од една година се сведоци на општ застој во сите области. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината