Нова кампања на СВР Битола и здружение на мотоциклисти „Ѓорѓи Стефановски“

Од:

Во заедничка соработка со СВР Битола, Здружението на мотоциклисти „Ѓорги Стефановски„ од Битола ја започна кампањата под мотото БИДИ КАБАДАЈА НОСИ КАЦИГА.

50% од мотоциклистите не носат заштитна кацига, застрашувачки е бројот на млади учесници во сообраќајот кој за време на летниот период возат мотоцикли без заштита кацига, а да не се споменува другиот дел од заштитната опрема која е потребна за правилно управување на мотоцкл.

Факт е дека поголемиот дел од младите мотоциклисти ја избегнуваат законската обврска за носење на заштитна кацига. Не постои изговор за неносање на заштитна кацига.

Поради тоа на ден 09.06.2018 година во период помеѓу 11:00 до 14:00часот низ Широк сокак во Битола се поделија флаери со оваа содржина. Целта ни е да ја потикниме свеста кај мотоциклистите за безбедноста во сообраќајот и носењето на заштита кацига, велат од здружението на мотоциклисти „Ѓорѓи Стефановски“.

За време на летниот период нашата соработка со СВР Битола ке продолжи со организирање на низа на заеднички активности, трибини и настани поврзани со безбедноста, и ќе се однесуваат на најралнивата група во сообраќајот а тоа се мотоциклистите.

Би можело да ве интересира

Габриела Илиевска од „Поинаку“ кандидатка за градоначалничка на Битола

Левица: Разрешениот началник е во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес, епицентарот бил во Грција

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Обид за убиство на „Новиот пазар“ во Битола: Со нож е ранет маж во грбот и слабината

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР