На 9-ти јуни, во кафе бар „Кино Карпош” во организација на Lions клубот Lux Aeterna беше организирана хуманитарна забава по повод 5 години од постоењето на клубот.
Собраните финансиски средства во износ од 77.800 денари беа собрани преку произволни донации од гостите и процент од вкупниот промент на локалот, а ќе бидат донирани на Филип Петрушевски кој има итна потреба од втора трансплатација на бубрег за која му се потребни вкупно 24.000 евра.
Сите хумани граѓани кои се во можност да помогнат, можат да донираат на следната жиро сметка: 500 600018595285 Стопанска банка АД Битола, Виолета Петрушевска, со назнака Донација, или на следниот телефонски број: 070 143 402.
Lions Club Lux Aeterna е член на светската невладина органзација Lions Club International која во својата мрежа брои преку 46.000 локални клубови во 200 различни држави, во кои активно волонтираат повеќе од милион членови.
Клубот веќе петта година активно организира и спроведува активности и проекти од хуманитарен карактер, а собраните средтва ги донира на лица на кои помошта им е најпотребна.