(ВИДЕО) Кадетите протестираа пред МВР: Изманипулирани сме и обесправени

Од:

Повеќе од 35 кадети од генерацијата 2017/18 година, денеска излегоа на протест пред Министерството за внатрешни работи за да го изразат својот револт, затоа што се уште немаат добиено договор за работа од Министерствотo иако успешно ја звршиле обуката за полицајци.

„На први јуни, колегите од нашата класа, потпишаа договори за вработување, а ние останавме изманипулирани, без никој да ни каже зошто не сме повикани да потпишеме договори за работа“, рече Дарко Петковски, еден од кадетите.

Конкурсот беше распишан за 600 полициски службеници кои ја завршија обуката, но сите не добија договор за вработување, односно од овие 600 кадети, договор добиле 565, а 35 останале без договор за работа.

„Ние не бевме ниту последни на ранг листата, ниту пак ни недостасуваа бодови. Очигледно во МВР станува пракса да се спроведува самоволие врз сите класи на полицајци, да не се почитуваат законите и да се уништува желбата за работа на младите полицајци“, рече Петковски по што уште еднаш упати прашање до Министерството зошто не се повикани на работа.

Обесправените кадети се обратиле до МВР и кабинетот на министерот Оливер Спасовски но оттаму биле префрлувани на различни локации по што не добиле никаков одговор. Тие велат дека ќе се обидат сами да го решат овој проблем, но доколку не успеат да го сторат тоа наредните денови, ќе се обратат до полициските синдикати.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија