ВМРО-ДПМНЕ: Во Аеродром ќе никнат 500 нови згради, Марин нема план и визија за развој

Од:

Дејан Митески,претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром денеска во изјава за медиумите рече дека градоначалникот Златко Марин издава градежни дозволи, без да води сметка за зеленилото и животната средина.

– За период од 8 месеци, колку што е на власт Марин, издаде одобренија за градба за повеќе од 500 станбени единици. Повторувам, повеќе од 500 нови згради ќе никнат на територија на општина Аеродром со потпис на Златко Марин. Тоа се огромни нови површини на кои наместо зеленило ќе никнат бетонски зданија. Марин ја користи секоја можност за да ослободи простор за градба на нови станбени згради, а повеќегодишните дрвја и малите зелени површини се најчеста мета. Во текот на вчерашниот ден, координирано, искористувајќи го невремето кое го зафати градот Скопје, бевме сведоци како повторно се сечат повеќегодишни дрва за изградба на нови станбени згради. Марин, кој ветуваше дека нема да се уништуваат зелени површини за сметка за изградба на станбени згради, не само што не го испочитува тоа свое ветување, туку со амин на Шилегов удри по дрвјата при што се уништува зеленило за градежен квадрат повеќе, рече Митески.

Тој додаде дека во предизборната кампања Марин ветил живот и воздух во Аеродром.

– Живот во Аеродром дојде, но не за граѓаните туку за криминалниот картел. Ветуваа запирање на градењето, ревизија на ДУП-овите, преземање на мерки против загадувањето, ветуваа дека здравјето ќе биде пред профитот, ветуваа водење грижа за постојното зеленило. Ништо од ова што го ветија не го остварија. Сега наместо да се зафатите со решавање на реалните проблеми на аеродромци, да спроведете и реализирате бар еден од ветените проекти од пред избори, со сите сили сте насочени кон издавање на одобренија за градење и бетонирање на Аеродром. Аеродромци ги препознаваат лагите, но не сакаат да ја трпат Вашата неспособност до крајот на Вашиот мандат. До тогаш којзнае уште колку дрва ќе бидат исечени. Златко Марин нема план и визија за развој. Повеќе од јасно е дека на Аеродром му претстои се поголемо уништување. СДСМ покажа дека за нив профитот на поединци е секогаш пред интересот на граѓаните. Република Македонија не смее да чекори по патот на криминалот и корупцијата. Граѓаните заслужуваат подобро, рече Митески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место