Кумановец во Скопје одгледувал 147 саксии со канабис

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против Д.З.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ.

Имено, на 08 јуни околу 23,00 часот од страна на полициски службеници на улица „Лазар Поп Трајков“ извршено е легитимирање на пријавениот при што кај истиот е пронајдена полиетиленска кеса со растителна материја. По добиена усна наредба за вршење претрес во домот каде привремено престојува пријавниот пронајдени и одземени се: 147 саксии со Cannabis, 49,65 грама марихуана, 46,33 грама амфетамин, четири таблети 3,4 метилендиоксиметамфетамин(MDMA) психотропна супстанца, стимуланс на централниот нервен систем класифицирани во Националната Листа I на контролирани психотропни супстанци, потоа дигитална вага, дигитален мерач за температура и влажност, тајмер и четири лед панели.

На Д.З. од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он