Претставниците на бразилската полиција, наведоа дека една 15-годишна девојка се породила пред неколку денови и и било кажано дека нејзиното бебе починало при пораѓањето. По што новороденчето било погребено во дворот на домот на мајката.
Меѓутоа, бразилската полиција добила анонимна пријава во врска со погребот и го ископала бебето, по што било хоспитализирано и сега е во стабилна состојба.
Полицијата ја сослушала мајката и по неколку часови ја ослободила, додека бабата и прабабата на новороденчето се се уште во притвор.
Истрагата за случајот е во тек.