ВМРО-ДПМНЕ: Загрижува растот на БДП од 0,1 отсто, кога инфлацијата е 1,5 – граѓаните се посиромашни

Од:

„Трагичен е фактот што расипничката и неспособна власт се гордее и смета дека постигнала огромен успех во сите области со растот на БДП од незначителни 0.1%. Тоа покажува колку нема капацитет во владиниот економски тим за да се стори било што од полза на граѓаните и државата.

Тешка криза и се заканува на Македонија со црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски кога сметаат дека нешто сработеле со срамниот раст на БДП.

Економијата доживува колапс, криминалниот картелот на власт и Зоран ЕВРО Заев не знаат да ја водат државата. Додека земјите од регионот и Европа бележат значителен раст, Република Македонија е убедливо на дното.

Ова е само уште еден показател дека картелот ниту знае, ниту умее, да работи. Живот дојде само за Зоран ЕВРО Заев, милионерот газда Кочо Анѓушев и групата блиска до нив, граѓаните очигледно се оставени само да преживуваат.

Растот во првиот квартал од 2018 година во соседна Србија и во Словенија е 4,6% или за 46 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот на БДП во Бугарија е 3,5% или за 35 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот во Хрватска е 2,5% или за 25 пати поголем споредено со нашиот раст.

Загрижува и разочарува раст на БДП од 0,1 % кога во исто време стапката на инфлација изнесува 1,5 што значи дека граѓаните се се посиромашни од минатата година.

Економијата е погодена од економското цунами предизвикано од ЕВРО Заев. Градежништвото кое е мотор на економијата и кое влече 20 – тина попратни гранки е во пад од 37%. Додека гранката на иднината секторот информации и телекомуникации бележи пад од 7%.

Катастрофата во економијата се чувствува насекаде, а неа најмногу ја чувствуваат граѓаните, кои со се помали плати плаќаат се поскапи продукти.

Додека целата економија е во општ пад, процентот на бруто инвестициите бележи пад од 9%.

Додека состојбата во економијата е безнадежна, а граѓаните живеат во беда и сиромаштија, личните бизниси на криминалниот картел цветаат.

Со ова Заев, Анѓушев и Тевдовски создаваат апатија во економијата.

Оваа црна тројка е природна катастрофа за Република Македонија и затоа мора да се запре.

Овој криминален картел мора да замине час поскоро.

Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината