Канада целосно ќе ја легализира употребата на марихуана

Од:

Канада целосно ќе ја легализира употребата на марихуана, откако дозволи да се користи за медицински цели пред 16 години.

Со тоа Канада ќе биде прва во Групата од седум најразвиени земји во светот, а втора по Уругвај, која целосно ја легализира марихуаната.

За регулирање на производството на марихуана ќе биде одговорна Владата во Отава, а провинциите ќе одлучуваат како ќе се дистрибуира и продава.

Канадскиот „Нешенел пост“ пишува дека со строги казни ќе се соочат само оние кои марихуаната ќе ја продаваат или даваат на малолетници.

Одлуката за целосна легализација, односно користење на марихуаната не само за медицински цели, е одобрена од сенаторите, но во пакет со одлуката наметнаа десетици амандмани кои мора повторно да се разгледаат од Парламентот.

Се смета дека на тој начин ќе се намали нелегалната продажба на марихуаната, а полицијата ќе има повеќе време да се занимава со таканаречените „жешки дроги“.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто