(ВИДЕО) Стоилковски: Скандалозното однесување на Мерко тимот во М.У.С. на дело ги покажува реформите

Од:

Беззаконието во Република Македонија ги надмина сите граници. Институциите се целосно нефункционални, а законите не важат за партиските моќници, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

– Службени лица од Државниот просветен инспекторат пред очите на студентите и на сета јавност беа спречени да си ја извршат должноста и беа исфрлени од Универзитет. И тоа не од било кој Универзитет, туку од М.У.С на поранешниот советник на Зоран Евро Заев, а сега градоначалник на Струга – Рамиз Мерко. Каков премиер – таков советник. Какво самоволие покажуваше Евро Заев во Струмица, такво покажува и Мерко во Струга. Беззаконието и насилството во Струга, во Универзитетот на Мерко, е слика за државата под оваа вештачка кованица од влада за една намена на Евро Заев. Скандалозното однесување на Мерко и неговиот тим во М.У.С на дело ги покажува реформите во образованието, рече Стоилковски.

Тој додаде дека поради сомнение за постоење на купени дипломи, вработени професори без нострифицирани дипломи од странство, судии како професори-предавачи без согласност од матичните институции, но и стотици студенти запишани со ненострифицирани странски дипломи, бил направен обид за вонреден инспекциски надзор.

– На просветните инспектори не им бил дозволен пристап до матичните книги, за наставниот кадар ниту на запишани и дипломирани студенти. Одговорното лице на М.У.С Арбен Кадриу не само што со навреди на национална основа ги истерал инспекторите, туку и имал обид за физичка пресметка со нив, заканувајќи се по нивниот и животите на нивните семејства. Што се обидуваат да сокријат Мерко и Кадриу со нападот врз инспекторите? Постои ли можност навистина Рамиз Мерко, кој е избран во научно наставно звање доцент вонреден професор во Универзитетот, да има не нострифициран докторат од Нови Пазар? Дали и сопругата на Арбен Кадриу, нотар во Струга, која е избрана во научно наставно звање Доцент на истиот Универзитет, исто така да има не нострифицирана диплома од Нови Пазар?, запраша Стоилковски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството и бара одговорните да бидат санкционирани.

– Притоа ВМРО-ДПМНЕ инсистира овој случај да се расчисти до крај, со организиран настап од трудова, управна, финансиска, како и инспекција од просветниот инспекторат, кои што со полициска асистенција детално ќе ги расветлат сомнежите за функционирањето на овој Универзитет, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината