Трамп: Франција и Канада воведуваат „строги царини“ кон САД

Од:

Американсиот претседател Доналд Трамп ги обвини Франција и Канада дека воведуваат „строги царини“ кон САД и дека создаваат немонетарни бариери против трговијата.

– Ве молам кажете им на (канадскиот) премиер (Џастин) Трудо) и на (францускиот) претседател (Емануел) Макрон дека кон САД воведуваат строги царини и создаваат немонетарни бариери, објави Трамп на Твитер.

Во меѓу време, мексиканските власти поднесоа тужба против САД пред Светската трговска организација (СТО), поради одлуката на Трамп за воведување царини за увоз на челик и алуминиум од Мексико, ЕУ и Канада.

СТО од своја страна соопшти дека на земјите вклучени во спорот и остава рок од 60 дена да најдат начини за негово надминувања, по што доколку не биде постигнато решение Организацијата ќе донесе своја одлука по тужбата.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот