(ВИДЕО) Стоилковски: Кланот Заеви користат стар должничко-доверителски однос за казни на луѓе кои го критикуваат премиерот

Од:

Репресираниот судски систем под јаремот на Зоран „едно евро“ Заев со денови не постапува по јавно искажаните обвинувања за лихварство, рекет и репресија во Струмица за кое се сведочи дека лично го вршат премиерот и неговиот брат Вице преку нашироко познатата семејна менувачница, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој додаде дека според тврдењата на струмичанецот Митко Ѓорѓиев, како што кажа, кланот на Заеви искористува стар должничко доверителски однос, односно стар исплатен кредит, за да го казни Ѓоргиев за јавно искажаните критики против премиерот Заев.

– Струмичанецот Митко Ѓоргиев тврди дека е под закана на кланот „Едно Евро“ Заеви, кои не сакаат да му го затворат одамна исплатениот и натплатениот кредит, издаден од семејното финансиско друштво „ПЕОН“, и притоа за 12.000 евра позајмица му наплатуваат над 40.000 евра. Правните институциите на системот, реформирани токму од Заев, до сега не тргнале во проверка на обвинувањата од граѓанин, кој што тврди дека за позајмица – кредит од 12.000 евра од семејното финансиско друштво „ПЕОН“, Заеви, покрај наплатените 24,5 илјади евра, му бараат дополнителни 20 илјади евра, според граѓанинот, само и само за критика која тој ја искажал кон Зоран Заев, рече Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека постои можност Заеви преку семејната менувачница да наплатуваат лихва, со што каматните побарувања од над 30 отсто годишно се далеку над законско пропишаните.

– Таквите односи ги става во подредена ситуација граѓаните на Струмица, каде до вчера долгогодишен градоначалник беше токму актуелниот премиер Зоран „Едно Евро“ Заев. Ќе остават ли институциите, финансиското друштво на кланот Заеви, да биде над законот? Почитувани, обвинувањата се сериозни, особено што Ѓоргиев не е единствен кој што проговорил за однесувањето и приватизацијата на Зоран Заев во Струмица. Според најавите, во тек е формирање на друштво на оштетени граѓани од кланот Заеви, на кои според тврдењата, запленувани се цели куќи за долг од 5.000 евра, рече Стоилковски.

Тој додаде дека овој случај е сериозен, бидејќи семејната менувачница е истата онаа која Заев ја споменувал во видео материјалите за случајот „Поткуп“.

– Почитувани, не запираат аферите и обвинувањата за нелегални однесувања на Заев во Струмица, додека тој раководеше со општината. Не запираат ниту аферите за злоупотреба на актуелната позиција за ширење на таа иста кланска мрежа на државно ниво. Почитувани, нема ниедна кристална препорака да ја намали маката на граѓаните под јаремот на кланот на „Едно Евро“ Заеви. За ваквите дела и обвинувања институциите мора да се охрабрат и да реагираат. Граѓаните на Македонија не заслужиле ваква власт која работи исклучиво на лично богатење. Колку порано си замине од власт овој клан, толку порано институциите да проработат еднакво за сите, толку подобро за Република Македонија, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ