(ВИДЕО) Арсовски: Граѓаните ги плаќаат партиските членови на СДСМ, на кои Заев им должи од пред изборите

Од:

Заев го урнисува државниот систем. Паралелно додека ги распродава националните и државните интереси, грубо ја партизира државата, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што истакна партискиот портпарол, Зоран Заев е човекот кој ја заробил Република Македонија.

„Вчера објавивме скандал каде јасно се гледа дека Заев преку кафеанските списоци на СДСМ вработил 46 луѓе од СДСМ од Кичево во државната институција ЕЛЕМ односно во РЕК Осломеј. Луѓето од списоците за вработување во РЕК Осломеј составени на 7-ми април, веќе се на своите позиции и земаат плата на грбот на граѓаните. Секој месец граѓаните ги исплаќаат партиските членови на СДСМ, на кои Заев им должи од пред изборите“, обвини Арсовски.

Тој јавно запраша дали РЕК Осломеј и ЕЛЕМ за овие 46 партиски вработувања месечно исплаќаат 1.815.076 денари.

„Дали секој месец граѓаните кои Зоран Заев и СДСМ ги уништија и ги фрлија во сиромаштија, плаќаат од нивниот џеб 1.815.076 денари за плати на овие луѓе кои се вработувани директно од кафеаните низ Кичево. Ова ли е животот кој што го ветуваа СДСМ пред изборите“, праша портпаролот на опозициската партија, кој повика СДСМ и Зоран Заев да не ги избегнуваат одговорите.

„Очигледно живот дојде само за членовите на СДСМ. Очигледно во Владата на Заев не е потребна никаква професионалност, никакво образование и искуство за да бидеш вработен било каде. Впрочем таквите примери се неговите советници кои исто така живеат на грбот на граѓаните и земаат огромни паушали. Наместо 500 евра плата за сите граѓани, наместо 100.000 денари плата за докторите, наместо живот за сите како што ветуваа, СДСМ вработува само членови и луѓе на кои што им должи од пред изборите“, заклучи Арсовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски