Дурант: Не е важно кој поентира, важно е тимот да победи

Од:

Еден од најдобрите кошаркари на Голден Стејт, Кевин Дурант призна дека не очекував толку успешен натпревар со Кливленд. Во третиот натпревар од финалната серија од плејофот во НБА лигата „воините“ победија со резултат од 110:102, а Дурант постигна 43 поени и оствари 13 скока.

– Не очекував таков натпревар. Се обидов да играм добра одбрана, да имам многу скокови. Чекав шанса. Успеав да најдам добри позиции, моите соиграчи многу помогнаа во тоа. Тие ми создаваа простор, а јас се обидов да ја вршам мојата работа. Тој што ќе има шанса да поентира нека го прави тоа. Не е важно кој колку поени ќе даде. Се надевам на таква игра на тимот и на следниот натпревар, изјави Дурант.

Голден Стејт води со 3-0 во финалната серија и е на еден успех од одбрана на шампионскиот трофеј.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот