Бруто домашниот производ во првиот квартал годинава забележал стапка на раст од 0,1 процент, објави Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите уметност, забава и рекреација, други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 12,1 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10,5 отсто и стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 8,5 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2018 година, номинално растел за четири отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,3 отсто.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10,4 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 9,1 отсто.