Голден Стејт на чекор до одбрана на шампионскиот прстен

Од:

Кошаркарите на Голден Стејт забележаа победа и на третиот натпревар од финалната серија во НБА плејофот против Кливленд и направија голем исчекор кон одбрана на шампионскиот трофеј.

„Воините“ рано утрово се радуваа на триумф со 110:102 на гостувањето кај „Кавалирс“ и покрај тоа што домаќините добро го отворија мечот, а на полувреме имаа шест поени предност (58:52). Сепак, со подобра игра во вториот дел шампионите направија резултатска предност и сега се на само еден чекор до потребните четири победи.

Со 43 поени, 13 скокови и седум асистенции Кевин Дурант беше најзаслужен за победата на Голден Стејт.

Во поразениот тим Леброн Џејмс стигна до „трипл-дабл“ – 33 поени, 11 асистенции и 10 скока, но и тоа не беше доволно Кливленд да го запиша првиот поен во финалето.

Четвртиот дуел, кој може да биде и последен во серијата е закажан за ноќта меѓу петок и сабота, повторно на теренот на Кливленд.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот