Меѓународна енергетска конференција во Струга

Од:

„Македонски енергетски форум – 2018“ е насловот на Меѓународната енергетска конференција што денеска и утре ќе се одржува во Струга во организација на Владата на Република Македонија, АД ЕЛЕМ, Амбасадата на САД и институтот ЗИП.

Експерти од повеќе европски земји и САД ќе говорат на актуелни теми од областа на енергетиката, а најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев и амбасадорот на САД Џес Бејли.

Предвидени се пет панели на тема „Енергетиката во светот во следните 20 години“, „Обновливи извори на енергија, микро-мрежи и складирање на енергија“, „Енергетската стабилност и сигурност на Западен Балкан“, „Гасификација и разновидност во снабдувањето со природен гас“ и „Енергетска политика во Република Македонија – патоказ“.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Катерина Ѓуровски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он