24-годишно момче починало во Кисела Вода додека играло фудбал

Од:

Дваесет и четири годишно момче починало вечерва во Кисела Вода додека играло фудбал. Момчето се пожалило дека му е лошо и паднало на земја, по што веднаш била повикана брза помош.

Лекар, кој бил присутен во близина се обидел да му пружи прва помош, но момчето не покажувало знаци на живот.

Лекарите од итната медицинска помош се обиделе да го реанимираат момчето, но тоа и понатаму не покажувало знаци на живот, по што констатирале смрт.

Извршен е увид од страна на скопската полиција и се чека јавен обвинител да даде насоки дали телото ќе биде дадено на обдукција, потврдуваат од полицијата за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода