СДСМ: Мицкоски не се огради од криминалните политики туку делува како нивни заштитник.

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО ДПМНЕ ја доведе економијата пред колапс заради лично криминално богатење на Никола Груевски и фамилијата. Владата предводена од СДСМ ги санира штетите од таквото расипничко однесување на ВМРО ДПМНЕ и ја поставува економијата на здрави реални основи.

Христијан Мицкоски не се огради од криминалните политики туку делува како нивни заштитник.

Дали Мицкоски, кој ги чинеше граѓаните речиси 2 милиони денари, го советуваше Никола Груевски за дил ориентед зделки како што е промашениот проект со кинеската компанија за автопатот Кичево-Охрид?

Огромните штети што ги предизвика нивното криминално владеење се рефлектираат со пад во нискоградбата.

Но Владата е подготвена и веќе презеде мерки за надминување и на овој проблем што го наследи од ВМРО-ДПМНЕ.

Економијата се опоравува, се работи на реални проекти кои даваат објективни и одржливи резултати.

Затоа извозот има раст од 14.3 споредено со истиот период од 2017 година.

Затоа влезот на странски инвестиции од 235 милиони евра во првите три месеци од годинава е најголем во споредба со 12 години наназад“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски