Во галеријата „Култ“ во Гостивар вечер ќе биде отворена 15-тата самостојна изложба на ликовната уметница Касиопеја Наумоска.
Сликите што ќе бидат изложени се од последните три години и се работени во техника масло на платно.
– Окупацијата е повторно емоции, настани, приказни, тајни, но насликани со мој начин на доживување, користејќи ги сите ликовни елементи и принципи, изјави авторката Наумоска.