ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска од Охрид ветува брда и долини, а фактите говорат дека Македонија тоне

Од:

„Радмила Шекеринска дрско лаже. Таа без срам по којзнае кој пат продолжува да ја манипулира македонската јавност.

Додека Шекеринска од Охрид ветува брда и долини, фактите го говорат спротивното. Република Македонија тоне, наместо да напредува.

СДСМ ги излажа граѓаните пред избори. Граѓаните очекуваат 30.000 денари просечна плата, плата од 100.000 денари за докторите специјалисти, покачување на пензиите, социјална помош од 12.000 денари, зголемување, а не намалување на субвенциите на земјоделците, 600 нови километри автопат и 550 километри магистрални патишта.

Наместо просперитет и напредок, овој криминален картел на власт носи само крах на Република Македонија.

Картелот на чело со Заев ја клекна економијата на колена. Додека економиите од Европа и регионот бележат енормен раст, Република Македонија бележи стагнација. Платите паѓаат, а цените на производите на мало растат. Стандардот на граѓаните е се понизок.

Шекеринска и Заев наместо да се служат со лаги треба да одговорат во кој џеб завршуваат милионските суми на задолжување на граѓаните и државата? Зошто Македонија не влезе во НАТО и Европската Унија во првите 6 месеци како што ветуваа во предизборната кампања?

Шекеринска како министер за одбрана за една година успеа да покаже дека воопшто нема намера да ја унапредува одбраната туку единствено води грижа за нејзиниот личен комодитет.

Со вакви погубни политики на криминалниот картел на власт, Република Македонија се носи кон бездна, а не кон ЕУ и НАТО.

Време е Шекеринска да ги тргне розевите очила и да ја согледа реалноста, дека граѓаните не живеат подобро.

Државата не смее да тоне, СДСМ не може да донесе просперитет, носи само крах. Граѓаните заслужуваат подобро. Република Македонија заслужува подобро“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ изјавата на Радмила Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање