ВИДЕО: Судскиот совет некогаш ги почитува, а некогаш не ги почитува бодовите за унапредување на судиите

Од:

45,1% од адвокатите сметаат дека временски најдолги се второстепените постапки (пред апелациските судови) и со тоа доведуваат до одолговлекување на судењата, а 38,7% од адвокатите сметаат дека првостепените постапки (основните судови) се временски најдолги. Ова е дел од Анализата на Институтот за човекови права, Институтот за европска политика и Македонското здружение на млади правници во проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството“ која беше презентирана денеска.

Како појдовна точка за анализава беше Првиот извештај, објавен 2015 година од високата група експерти, предводена од Рајхард Прибе1 и донесените Итни реформски приоритети од Европската комисија.

Анализата меѓу другото, препорачува деполитизација на изборот и на унапредувањето на судиите и јавните обвинители во практиката врз основа на транспарентни, објективни и критериуми засновани на заслуги, примена на хармонизиран систем на учинок заснован на квантитатитвни, но и на квалитативни станданрди, како основа за кариерен напредок во судството и во јавното обвинителство; да се отстранат елементите од системот за дисциплинска одговорност и за разрешување на судиите кои во моментов ја поткопуваат судската независност, обезбедување професионализам на судскиот совет во практика, а не само вотеорија (т.е. јасен и предвидлив тест за примена на критериумот „истакнат правник“), проактивна улога на судскиот совет и на највисоките судови во заштита на независноста и во заштитата од влијанија…

Мирослав Драганов од Институтот за човекови права, порача дека е важно реформите од итни да станат битни, односно да се работи на квалитетни и длабински решенија кои ќе осигураат доверба на граѓаните во сите сегменти на судството. Тој како пример го посочи Судскиот совет, во кој некогаш се почитуваат, а некогаш не се почитуваат бодовите за унапредување судии.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Тошковски за акцијата во Судскиот совет: Премногу е рана фазата за да навлегуваме во детали

Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје

А1он

МВР врши претреси во Судскиот совет, се бараат записници поврзани со мандатот на Дамева

Горан Наумовски

МВР упадна во просториите на Судскиот совет

Горан Наумовски

Кузеска: Скандалозен е изборот на сопругата на градоначалникот на Радовиш за членка на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски

Судиите Аритон Ала и Данка Ристова нови членови на Судскиот совет