Предавање на Бојан Манчев во Музејот на современа уметност

Од:

Предавање на Бојан Манчев од Бугарија, насловено „Формата на човекот. Политичка свитливост и економија на формите на живот“, ќе биде одржано вечер од 19.30 часот во Музејот на современа уметност, во рамки на Програмата на критичко преиспитување на правото.

Манчев редовно предава на Новиот софиски универзитет и на универзитет во Берлин, а како визитинг-професор предава и на други места во Европа, Азија и Северна Америка. Заменик-претседател и поранешен програмски директор е на Меѓународниот филозофски колеџ во Париз. Докторирал како студент на Жан-Лик Нанси, со кого потоа продолжил да соработува.

– Во последните години неговиот творечки фокус е на политичката филозофија, онтологијата и филозофија на уметноста. Напишал девет книги и околу 200 други текстови, како поглавја во книги, есеи, статии. Пишува на повеќе јазици, соопшти МСУ за Манчев, кој е автор на книгите: „Тело-Метаморфоза“; „Логика на политичкото“; „Чудо“; „Облаци“…

Програмата на критичко преиспитување на правото опфаќа различни научни собири – јавни предавања, експертски симпозиуми и работилници, а исто така предвидува и објавување научни трудови со различно организирани методолошки и содржински пристапи кон современата критика на правото.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска