СДСМ: Конфузија во ВМРО-ДПМНЕ откако јавноста виде дека Мицкоски лаже

Од:

„Тотална конфузија владее во ВМРО-ДПМНЕ откако јавноста виде дека Христијан Мицкоски лаже за неговиот ангажман како советник на Никола Груевски.

Јавно објавени документи потврдуваат дека Мицкоски, додека му бил советник на Груевски земал пари од Буџетот и ги чинел граѓаните околу 2 милиони денари. Сосема спротивно од тврдењето на Мицкоски на ТВ дуелот дека работел про боно односно без надомест.

Во очаен обид да го одбрани она што не се брани, конфузното ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе се заплетка во сопствените лаги.

Јасно е дека ангажманот на Мицкоски граѓаните ги чинел околу 2 милиони денари.

Нејасно е што сака ВМРО-ДПМНЕ да демантира кога потврдуваат дека Мицкоски земал пари од граѓаните, што значи и потврда дека Мицкоски лаже.

Или за ВМРО-ДПМНЕ 2 милиони денари, пари на граѓаните, се про боно?

Христијан Мицкоски треба да им се извини на граѓаните за оваа лага, да им се извини за сите советувања за погубните политики на Груевски коишто граѓаните ги чинеле речиси 2 милиони денари“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски