Во Франција е направен извештај во кој се наведени 76 предлози како да се ограничи бројот на казнети во затворите, меѓу кои се и автоматски условни пуштања од затвор, јавуваат француски медиуми.
Тој извештај би требало да поттикне анализи за казнената политика која е во тек.
Констатирано е дека бројот на затвореници е зголемен во изминатите 10 години од 48.000 на повеќе од 67 илјади. Се истакнува дека пред се е потребно да се воведе демократија во казнената политика, јави Танјуг.