Суд во Париз нареди Твитер да достави податоци што ќе обезбедат распознавање автори на расистички или антисемитски пораки.
Американската социјална мрежа беше повикана во Суд од Сојузот на еврејски студенти во Франција и неколку други здруженија откако во октомври на мрежата се појавија антисемитски пораки.
Од Твитер беа избришани тие пораки, но подоцна се појавија и други „твитови“.
Здруженијата сакаат да бидат доставени податоците за носителите на т.н. твит-налози за распознавање на авторите на тие пораки кои подоцна би биле дадени на суд.