Професорот од Св. Николе на 24.12 на протестот против опозицијата

Од:

Директорката на основното училиште „Кирил и Методиј“ во Свети Николе, Валерија Ивановска, најави истрага за да се утврди дали се точни тврдењата на родители, дека професорот по историја на нивните деца им предавал дека „СДСМ се предавници“.

За „Телма“, рече дека нема официјална поплака од родител, а дека професорот го негирал напишаното и објавеното.

А1 од граѓанин на Свети Николе ја доби фотографијата на која се гледа дека професорот Д.Д., бил на протестот пред Собранието на 24. декември, како бранител на буџетот и владините чекори.

По објавениот текст околу скандалот со професорот, се крена прашина околу настанот, во основното училиште „Кирил и Методиј“ биле превземени дејствија од страна на директорката.

Таа заедно со педагогот земале изјави од учениците. Скандалозно е што барале и нивен потпис за потврда на изјавата од малолетни ученици за скандалот со професорот по историја Д.Д.

Но и по изјавите и сведочењата за професорот, неизвесно е дали за непримерното однесување на еден педагог, ќе биде санкциониран или ќе остане под закрила на својот близок роднина, висок функционер на ВМРО–ДПМНЕ во Свети Николе и на таков начин ќе продолжи да го деградира квалитетот на образованието во Македонија.

Но учениците кои имале по 14 и 15 години, ја потврдија информацијата на А1он дека професорот по историја во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Свети Николе им предавал лекција по историја за Втората светска војна и за Југославија и им објаснувал за предавниците во тоа време.

Како пример го посочувал денешното недоразбирање помеѓу политичките партии СДСМ и ВМРО–ДПМНЕ и дека како што сега пишувало во учебниците и учеле за предавниците од тоа време, ги ужел дека „сегашни примери за предавници се СДСМ и ќе бидат запишани како предавници“ со тоа што велел, „некогаш во иднина идните генерации ќе учеле како СДСМ биле предавници во едно време кога Македонија се обидувала да го гради својот вистински идентитет“.

Нивните деца, велат, родителите, доаѓале вознемирани дома и ја барале вистината од нив.

Во март месец, минатата година, медиумите јавија за скандалот кога Д.Д. (28) од Свети Николе по претходна расправија со неговиот колега Г.Д. (30), физички го нападнал, нанесувајќи му тешка телесна повреда.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците