СДСМ: Наместо политики на молк, затвореност и страв, денеска сме сведоци на политики на гласност, отвореност и слобода

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешните прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од политиките на стравови и заплашувања што со години ги практикуваше како власт, а сега тоа го прави и како опозиција. Денес граѓаните не се плашат и не треба да се плашат од власта.

ВМРО-ДПМНЕ не може да сфати дека тоа се новите демократски политики во Македонија.

Наместо политики на молк, затвореност и страв, денеска сме сведоци на политики на гласност, отвореност и слобода. Тоа е демократска вредност што е непозната за опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години се служеше со репресија, затвораше новинари и медиуми, етикетираше неистомисленици и сееше омраза и пропаганда платена со народни пари, денес продолжува со истите практики.
Христијан Мицкоски продолжува прецизно да следи патот на Никола Груевски.

Одбрана на криминалот на Никола Груевски е единствената цел на ВМРО ДПММЕ. Партијата треба да разбере дека треба да се качи на вагата на правдата.

Граѓаните расчистија со Никола Груевски и избраа просперитет, повеќе инвестиции, повисоки плати, еднаквост, слобода, демократија, правда, избраа едно општество, едно семејство за сите.

Криминалното и расипничко вледеење на ВМРО-ДПМНЕ останува во минатото и никогаш не може да биде иднина.

Македонија тргна напред и нема ниту запирање ниту враќање назад“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски