Холандската партија Христијански демократски повик (ЦДА), која е членка на Европската народна партија, (ЕПП), усвои резолуција со која бара Унгарскиот граѓански сојуз – Фидес на унгарскиот премиер на Виктор Орбан, да биде исклучен од асоцијацијата на европските демохристијани, доколку Будимпешта продолжи со своите политики.
ЦДА бара од ЕПП да одреди „црвени линии“ кои доколку бидат преминати, би резултирапе со привремено исклучување од Фидес.
Холандските демохристијани сметаат дека ЕПП треба да одговори на унгарските политики за човекови права.
ЕПП е една од најхетерогените групи од идеолошки аспект, обединувајќи различни партии како десната популистичка Фидес на Орбан, конзервативната Христијанско демократска унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел или пак центристичките ЦДА и белгиската Христијанско демократски центар (ЦДХ).
Контроверзните одлуки на Орбан сѐ повеќе создаваат поделба во ЕПП. Последната одлука која предизвика незадоволство кај многу европски политички лидери е oдлуката да се гонат кривично невладините организации кои им помагаат на бегалците и мигрантите.