Поранешниот селектор на македонската одбојкарска репрезентација, Жарко Ристоски, ќе го предводи националниот тим на Саудиска Арабија.
– Среќен сум за новиот предизвик, селектор на селекцијата на Саудиска Арабија, соопшти Ристоски на социјалните мрежи.
Изминатава сезона тој беше тренер либанскиот клуб Танурин, а претходно ги предводеше Шоненверд во Швајцарија и Неа Саламина на Кипар.
Ристоски ја заврши соработката со македонската репрезентација во 2016 година.