Лоренцо доминантен на „Муџело“

Од:

Петкратниот светски шампион Хорхе Лоренцо ја забележа првата победа со Дукати, откако триумфираше на трката за Големата награда на Италија.

Втор беше неговиот клупски колега Андреа Довициозо, додека возачот на Јамаха, Валентино Роси, иако вчера ја освои пол-позицијата, денеска заврши на третото место.

Трката на патеката „Муџело“ во целост помина во знакот на шпанскиот возач Лоренцо, кој постојано беше прв од почетокот до целта.

Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез, и покрај падот ја продолжи трката, но заврши на 16-то место.

Маркез се уште е прв во генералниот пласман со 95 бодови, додека Роси е втор со 72 бодови.

Следната трка се вози на 17 јуни за Големата награда на Каталонија.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Иџе повторно на тркачките патеки

Ана Ололовска

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Вињалес: Денеска беше победа или ништо