А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Со усна наредба и незаконски се поставени нови раководители во МВР

by Кристијан Ландов02/06/2018 - 14:5802/06/2018 - 15:161450
Share0

Началникот на сообраќајната полиција во СВР Скопје, Борче Грујоски, пред два месеци со усна наредба именувал четири нови раководители на безбедносни реони. Тројца од лицата се без соодветно образование, односно немаат завршено факултет, открива за А1он полицаецот и претседател на независниот синдикат на полицијата за СВР Скопје, Дејан Саздов.  Според важечката систематизација, за оваа функција е потребно високо стручно образование.

Следете a1on на Instagram Instagram

Првиот полицаец, сега раководител на сектор,  Александар Николовски, имал блиски релации со началникот. По него, функција добил и Александар Спирков, кој 27 години работи во МВР, а е со средно полициско образование. Освен нив двајца, раководна функција во СВР Скопје со усна наредба добил и Саше Стојчев, кој работи во министерството две и пол децении. Последниот раководител, кој е дел од старешинскиот кадар е Нусрет Нусредини и има завршено Педагошки факултет. Пред три дена МВР врачи решенија на полицајци приправници, но не и на новите раководители бидејќи биле оневозможени затоа што ќе ги прекршат законите и систематизацијата.

Според полицаецот Саздов, во МВР немало интерен оглас за испразнети раководни позиции, па така, началникот Грујоски пред два месеца одлучил овие лица да бидат дел од старешинскиот кадар на МВР.

Прашавме во МВР дали овие распределби на функции се направени законски или врските кои сегашните раководители ги имале со високи структури придонеле тие брзо да напредуваат во СВР Скопје, но оттаму рекоа дека одговор ќе добиеме од понеделник.

Следете a1on на Youtube YouTube

Сообраќајното одделение не е единствениот оддел во МВР каде што функции се делеле без да се почитува систематизацијата. „А1он“ дознава дека високи функции добивале и во моторното одделение, каде што полициските службеници со факултет според систематизацијата биле неколку нивоа подолу од полицајците кои имале само средно образование, а работеле на раководни позиции. Министерот Оливер Спасовски ветуваше професионализација на полицијата, но праксата да се унапредуваат лица без да ги исполнуваат условите кои ги налагаат систематизацијата и законите продолжува.

Полицаецот Дејан Саздов, претседател на Независниот синдикат во делот на СВР Скопје, тврди дека началникот како висок функционер и дел од Македонскиот полициски синдикат со три функции ја користи моќта за неговите пријатели да бидат унапредени во МВР.

– Ова назначување отвора многу прашања. На пример, со која постапка се унапредени овие раководители? Кога бил распишан огласот? Јас се прашувам, според кои законски норми со усна наредба издадена од началник се назначени новите раководители во сообраќајната полиција на СВР Скопје? Најважното прашање е дали тие лица ги исполнуваат условите за тие раководни позиции и дали е според заложбите на министерот да се професионализира полицијата со кадри кои имаат стручна подготовка, вели Саздов.

Кристијан Ландов

mvrnezakonski imenuvanirakovoditelisazdov dejansvr skopje

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он28/08/2026 - 18:23

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 09:38

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он23/08/2026 - 13:3923/08/2026 - 13:26

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он21/08/2026 - 16:37

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски21/08/2026 - 11:1621/08/2026 - 11:17

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 18:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео