Манчевски на средби и трибина со жители на Новаци

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, беше меѓу граѓаните на Новаци. На средбите и отворената граѓанска трибина се разговараше за спроведувањето на реформите и мерките од програмата коишто обезбедуваат подобар живот за сите граѓани, носат повеќе пари во земјоделството, повисоки плати и економски раст.

– Ја активиравме спиралата на покачување на платите и сега 90 илјади наши сограѓани земаат поголема плата.Свесни сме дека тоа не е доволно и со серија на мерки продолжуваме да го стимулираме растот на платите. Повисок животен стандард за граѓаните е наш приоритет. Потврда за успешноста на мерките коишто ги спроведуваме е обезбедениот прилив на 235 милиони евра директни странски инвестиции во Македонија во првите три месеци од оваа година. Тоа е рекордно најмногу во спореба со 12 години наназад. Тоа значи дека бизнис климата е стабилна и економијата се развива. Знаеме сите, инвестициите носат повеќе пари и можност за нови работни места, рече Манчевски.

Граѓаните од општина Новаци кои се занимаваат со земјоделство ги поздравија политиките коишто обезбедуваат повеќе пари и враќање на достоинството на земјоделците и нивните семејства.

Манчевски акцентираше дека со промените во изминатата година Владата предводена од СДСМ обезбедила 424 грантови за младите земјоделци од по 10 илјади евра за започнување на сопствен бизнис а со повратот на персоналниот доход повеќе пари остануваат кај над 65 илјади земјоделци.

„Исплатата на субвенциите ја одблокиравме. Ги исплативме неисплатените субвенции за 2014, 2015 и 2016 година. За 2016 година за субвенции се исплатени 110 милиони евра, на 94 илјади земјоделци. За прв пат навремено се исплатени субвенции за 2017 година согласно законскиот рок. Дополнително воведовме зелена нафта, со што обезбедуваме 5 милиони евра да останат назад кај граѓаните, кај земјоделците“ додаде Манчевски.

Раководството на СДСМ ќе продолжи со средбите со граѓаните и поддржувачите низ целата држава. СДСМ како одговорна партија постојано го слуша гласот на граѓаните и ги следи нивните потреби.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?