Владата ќе потроши 1 милион и 450 илјади евра за базени

Од:

Дваесет и деветте базени кои премиерот Зоран Заев ги најави вчера на пратеничките прашања во Собранието на РМ ќе го чинат државниот буџет вкупно 1 милион и 450 илјади евра односно околу 50 илјади евра за еден изграден базен. Тој истакна дека за четиринаесетте базени за кои е планирано да бидат изградени оваа година владата веќе обезбедила локации.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, за А1он ја потврди сумата како и општините каде тие ќе бидат изградени. Тој информира дека базените ќе бидат во склоп на училиштата и по сите европски стандарди за одржувањето на истите, а ќе бидат ангажирани и спасувачи кои ќе внимаваат на пливачите.

– Еден базен ќе чини околу 50 илјади евра, 14 базени ќе бидат изградени оваа година и зависно од реакцијата на јавноста и успехот, ќе се одлучи дали и наредната година ќе се продолжи со проектот за кога е планирано да се градат уште 15 нови. Базени оваа година ќе се градат во општините Ѓорче Петров, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Аеродром како и во Штип, Струмица, Гевгелија, Битола, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Гостивар и Велес, а планирано е и реставрирање на стариот базен во Струга, вели Каевски за А1он и Макфакс.

Според Каевски, целта на овој проект е основницте барем еден час неделно по физичко образование да го имаат во базен. Како што вели тој, примерот е земен од Австрија каде се покажал доста успешен.

-Базените ќе бидат со димензии 8,80 x 14,80 и до 15 часот ќе служат само за учениците кои учат во училиштето, а за после 15 часот планирано е со одлука на советите во општините, базените да се пуштат за комерцијални цели, вели Каевски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски