Завршна изложба на студентите на графички и веб-дизајн на Семос Академија

Од:

Во Културно-информативниот центар вечер од 20 часот ќе биде отворена завршна изложба на графички и веб- проекти на студенти од Семос Академија за графички и веб-дизајн, насловена „Умни глави – Топ дизајни“.

Ќе бидат претставени 26 графички и веб-дизајнери од Академијата, од каде што посочуваат дека настанот е и можност за компаниите од графичката и интернет-индустрија да се сретнат со квалификувани дизајнери и одблиску да се запознаат со нивните дела и потенцијали.

Студентите од програмата за графички дизајн ќе презентираат повеќе од 150 графички решенија, како најуспешни и најкреативни проекти на кои работеле во изминатиот период. На изложбата ќе бидат поставени плакати на разни теми, логоа и корпоративен идентитет, дигитални манипулации на фотографија, дигитални илустрации, дизајн на публикации.

Студентите од програмата за веб-дизајн, пак, ќе се претстават со сопствените портфолија и динамични веб-страници кои содржат програмерски дел, галерија и мултимедијални содржини.

Годинашните проекти, оригинални решенија изразени во разни графички форми на маркетинг и рекламирање, ќе бидат наменети за потребите на три институции: ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ и Федерација за планинарски спортови на Македонија.

Академијата за графички и веб дизајн во рамки на Семос Едукација, во своето 12-годишно постоење има едуцирано повеќе од 250 дизајнери кои успешно ги градат своите кариери во Македонија и во странство. Уписот за новата академска 2018/2019 година е отворен, а заинтересираните може да искористат и промотивен попуст до 15 јуни.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска