Мешаниот хор „Драган Шуплевски“ при Факултетот за музичка уметност од Скопје утревечер во 20 часот во ликовниот салон во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе одржи целовечерен концерт.
Под диригентската палка на Сашо Татарчевски, хорот ќе изведе богата програма – од класични ренесансни творби, па се до современи композиции.
Хорот „Драган Шуплевски“ е значаен фактор во музичкиот живот во Македонија. Од 2002 година го носи името на својот долгогодишен раководител и диригент, професор Драган Шуплевски.