Изложба на прилепскиот уметник Дарко Талески

Од:

Изложба насловена „Дали и ти си мигрант?“ на прилепскиот уметник Дарко Талески ќе биде отворена утре вечер од 20 часот во ликовната галерија во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Изложбата е составена од пет портрети на прилепски уметници и низ колаж од лични фотографии, фотографии од настани, со текстуални изјави и факти се отсликува животната приказна на уметниците и нивните семејства кои морале да се преселуваат на балканските простори.

Талески завршил Факултет за ликовна уметност во В.Трново, Бугарија каде и магистрирал на тема медиум и реклама. Има учествувано на повеќе изложби во земјава и во странство. Работи како наставник по ликовно образование во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска